„Плукате?

Ако, плукајте по мене, по Ченто, Југ, Дурловски…

Јас нема да плукам по вас.

Ве разбирам. Очајот, неправдата, немоќта ви го заслепиле умот, омразата ви се вгнездила во душата, па заборавивте кој ни е противникот. Но, не заборавајте дека ни и за вас ја одиме голготата. Не заборавајте дека ние скапуваме по зандани. Но, ние не се откажуваме и продолжуваме со нашата борба за правда и слобода.

Ние нема да плукаме по вас, вие сте наши браќа и сестри. Имало и полоши времиња, но поподли немало! Јас утре ќе гласам за професорката, ќе гласам за правда ќе гласам за ВМРО-ДПМНЕ, ќе гласам за Македонија!

Ви остана уште плунка?

Плукај, брат, плукај“.

Со овие зборови Горан Ангелов од затворската ќелија се обрати до оние кои не согласувајќи се со неговите ставови, ставовите на Ченто, на Југ, Дурловски… за неделните избори, изминатиот период фрлаат дрва и камења него.