Жителите на Денвер денеска ќе излезат на гласачиките места, каде освен за градските власти ќе одлучуваат и за декриминализација на психоактивната супстанца Псилоцибин, која се наоѓа во халуциногените печурки.

Доколку биде усвоена таа одлука, Денвар ќе ја продолжи својата либерална политика за дрогите, откако во 2012 година ја легализираше употребата на марихуаната.

Организаторите на кампањата за легализација на Псилоцибин, целта е луѓето да не завршуваат во затвор поради користење дроги во борбата против депресијата, анксиозноста, посттравматски стрес и други состојби. Директорот на кампањата Кевин Метјус тврди дека Псилоцибинот му помогнал да се избори со депресијата.

Псилоцибинот е забранет од 1960 година, а одделни експерти предупредија дека може да се користи само под медицински надзор, бидејќи може да предизвика параноја и анксиозност.

Сојузната Влада го класифицираше псилоцибинот како дрога од прв ред, од која нема медицинска корист. Магичните печурки кои ја содржат оваа супстанца се користеле во верските ритуали на староседелците во Америка поради нивното влијание врз перцепцијата и духовните искуства.