Познати се приходите кај клубовите во Премиер лигата за сезоната 2018/19. Со најголем награден фонд заврши Ливерпул и покрај тоа што сезоната ја заврши на втората позиција зад шампионот Манчестер сити.

Средствата за секој тим се збир од: фиксен бонус, награда за пласман на табелата и приход од телевизиски права.

Најмногу заработил Ливерпул – 149,5 милиони фунти. На второто место еМанчестер сити – 148,1 милиони, додека трет е Челзи – 143,1 милиони.

Ливерпул е пред Сити благодарејќи на поголемите приходи од ТВ правата. Натпреварите на „црвените“ беа пренесувани 29 пати, додека на „граѓаните“ 26.

Хадерсфилд, Фулам и Кардиф, кои испаднаа од Премиер лигата заработија од 93,6; 98,8 и 99,6 милиони, соодветно.