Маж нападнал со нож минувачи во Вториот реон на француската престолнина Париз, по што бил застрелан од полицијата. Напаѓачот успеал да убие еден човек, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на полициски извори.
Засега не се познати мотивите на напаѓачот.
Според француските медиуми, во нападот има и осум ранети лица.
Подоцна веста беше корегирана, па беше објавено дека биле нападнати петтмина од кои еден бил убиен, а четворица ранети.