Саудиска Арабија сака да избегне војна во регионот, но подготвена е да одговори „со сета сила и одлучност“ по минатонеделните напади на саудиски танкери и нафтени постројки, изјави саудискиот министер за надворешни работи Адел ал Џубеир.
Тој на прес конференција го обвини Иран дека настојува да го дестабилизира регионот и ја повика меѓународната заедница да преземе одговорност и да ја запре земјата во таквите настојувања.
Иран негираше дека стои зад нападите на саудиските танкери и нафтените постројки.