Тренерот на ЦСКА Москва, Димитрис Итудис е подготвен да го продолжи договорот со клубот.
Ова го изјави грчкиот тренер по синоќешниот триумф во Евролигата. ЦСКА во финалето на „Фајнал фор“ го победи Анадолу Ефес со 91:93.
– Ако ЦСКА ми понуди да го продолжи договорот, ќе потпишам, потенцира Итудис.
Четириесет и осум годишниот Грк покрај ЦСКА во својата тренерска кариера работеше и во Банвит, Панатинаикос, МЕНТ, Филипос, Паниониос, ПАОК и Загреб.