Германската автомобилска индустрија би можела да биде првата жртва од ескалацијата на трговската војна меѓу САД и остатокот од светот, во период кога производителите на автомобили ги намалија прогнозите за профитот во 2018 година.
Денес претседателот на САД, Доналд Трамп се закани дека ќе ги погоди сите производители на автомобили од ЕУ со даноци од 20 проценти.
Најавата доаѓа само по еден месец откако администрацијата поттикна истрага околу тоа дали увозот на автомобили претставуваат национална закана и во ист ден кога ЕУ наметнаа нови даноци за стоки од САД.
Трамп денес твитна: „Ако овие тарифи и бариери не се тргнат наскоро тогаш ние ќе наметнеме царини од 20 проценти на сите нивни автомобили. Да ги произведуваме овде“! Одделот за трговија на САД има за цел да ја заврши истрагата дали увозот на автмобили и на авто делови претставуваат ризик за националната безбедност кон крајот на јули или во август.
Инаку, „Дајмлер“, кој е сопственик на „Мерцедес“ на берзата падна за 4,2 проценти оваа недела, БМВ три проценти исто како и Фолсваген.
По тарифите за алуминиум и челик, како и опцијата и Кина да се вклучи во автомобислките санкции, светот е можно да влезе во голема глобална трговска војна.