Потребата од конструктивен политички дијалог меѓу сите политички чинители во Македонија, во функција на реализација на реформската агенда, а со цел напредок на државата во европските и евроатлантските интеграции, било во фокусот на средбата меѓу претседателот Стево Пендаровски и лидерот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши.
Претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, укажа дека сите политички субјекти треба да дадат свој придонес во периодот кога Македонија очекува одлука за одредување на датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија.
Претседателот на Алтернатива, Гаши упати честитки до претседателот Пендаровски по повод стапувањето на функцијата и му посака успех во работата, стои во соопштението на претседателскиот Кабинет.
Истото вчера беше истакнато и на средбите на Пендаровски со Талат Џафери и Али Ахмети.