Лидер на полската владејачка партија Право и правда, Јарослав Качински нагласи дека политичките групи во некои земји од Европската унија, меѓу кои и онаа на Марин Ле Пен во Франција, се „очигледно поврзани со Москва и добиваат поддршка од неа “. Качински го тврди тоа во интервју за „Газета полска“.
Неговата изјава води до анализи дека внимателноста на неговата националистичка партија кон Русија може да биде пречка за соработка со партијата на Ле Пен или десничарите од Лига на италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, кој е пријателски настроен кон Москва.
Во саботата, Салвини собра во Милано националисти од Европа во потрага по единство пред изборите за Европскиот парламент оваа недела.