Селекторот на женската младинска репрезентација, Јулијана Дамчевска, го објави списокот на повикани ракометарки за претстојната ЕХФ – недела.
Во рамки на ЕХФ – неделата младинките ќе одиграат два подготвителни натпревара против младинската репрезентацијата на Бугарија за претстојниот Европски шампионат во Литванија.
Првиот натпревар ќе се одигра на 1 јуни со почеток во 16 часот во спортската сала „Автокоманда”, а ден подоцна на 2 јуни во истата сала ќе се одигра вториот натпревар со почеток во 11 часот.
Натпреварите се од отворен карактер, а влезот во салата е слободен.