Борусија Дортмунд има најголема поддршка од трибините, oбјави „Газета дело Спорт“, по истражување на посетеноста на стадионите во Европа.

Германскиот клуб во просек на „Вестфален“  стадионот го гледале 81 илјада навивачи, што е речиси целиот стадион, ако се земе предвид податокот дека истиот може да прими 81 илјада и 365 гледачи.

Второто место, според верноста на нивните навивачи на трибините, го делат германскиот и шпанскиот шампион, односно Баерн Минхен и Барселона, за кои навивале 75 илјади гледачи, а на четвртото место се наоѓа Манчестер Јунајтед со 74 илјади навивачи на „Олд трафорд“.

Освен индексот за мерење на верноста на навивачите, направено е и истражување за покриеноста на стадионите, која во Англија и Германија изнесува од 93 до 95 отсто, а во Италија само 54 отсто.