Спортскиот директор на Милан, Леонардо може да ја напушти својата функција на крајот на сезоната, информира „Фудбал Италија“.

Можна причина за оваа одлука е незадоволителните резултати на тимот.

Официјално, заминувањето на Леонардо може да се објави по натпреварот од последното коло со СПАЛ. Исто така е објавено дека сопствениците на Милан веќе одлучиле дека новиот спортски директор на клубот ќе биде Луис Кампос.

Леонардо ја презеде функцијата технички директор на клубот летото 2018 година. Милан по 37.кола во Серија А се наоѓа на петтото место.