Во Кајуховиот парк во Шоштањ во Словенија, непознати лица го осквернавиле споменикот на поетот Карл Дестовник-Кајух со знак на албанското знаме, пишува словенечки Вечер.
Засега не се знае кој го направил ова дело по кое, како што пишува весникот, Словенците од Шоштањ и не само од Шоштањ се шокирани, за разлика од нас, кои на вакви нецивилизирани гадости во Македонија сме навикнале, не само од Албанците или од било која националност, туку и од шарените револуционери кои за тоа добиваа поддршка дури и од ЕУ, чија адмнистрација во Македонија во моментов ја претставува токму Словенецот Жбогар.
Случајот бил пријавен во полицијата.
Вечер објаснува дека 10 отсто од мигрантите во Словенија живеат во оваа општина, а најголем дел од нив се населени токму во градот со што се чини ја промашил темата, бидејќи кога се зборува за мигранти обично се мисли на оние кои изминатите години дојдоа од Сирија и околните краишта, а кои секако немаат поим за албанското знаме.
„Законодавството на Словенија им обезбедува бесплатно здравствено осигурување, бесплатни градинки, школство и прехрана“, навеле во општината.
Оттаму додале дека токму во основното училиште во Шоштањ кое го носи името на поетот чиј споменик бил осквернавен, имаат посебен наставник за работа со странци.