„Новости” пишува дека се во тек интензивни подготовки на стратегијата за релативно брзо продолжување на замрзнатиот дијалог меѓу Комисијата за СПЦ и МПЦ (медиумот ја нарекува неканонска црква на Северна Македонија).
Тоа, како што се наведува, е потврдено во изјавата на Светиот архиерејски собор по мајската седница во Белград, но оваа одлука не ја коментираа од МПЦ-ОА.
Весникот известува дека интензивната работа на стратегијата за продолжување на дијалогот се очекува како одговор на нивното барање и барањето на премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, на патријархот Вартоломе, „за одлуката за утврдување на статусот на црквата во таа земја”.
Портпаролот на Синодот, митрополит Тимотеј, накусо искоментира дека владиците ќе се состанат и разговараат за можната понуда на СПЦ за продолжување на дијалогот кога официјално ќе пристигне во Скопје.
Ако првата фаза од обновените преговори е исполнета, реални очекувања се дека барањето за решавање на статусот на независноста на МПЦ наскоро ќе биде разгледано во СПЦ, додаде „Новости”.