Вардар е во финалето на Лигата на шампиони во ракомет. Неверојатен натпревар на нашите играчи кои на полувремето губеа со 16:9. За Барселона остана само рутински да одигра уште 30 минути и мирно да го доведе натпреварот до крај.
И тогаш, по катастрофата во првото полувреме, се случи пресврет. Неверојатни втори 30 минути на вардаци во кои тие едноставно го потопија шпанскиот шампион со 20:11 за конечни 29:27 во полза на Вардар.
Речиси неверојатно звучи дека овој тим на Вардар по сите случувања во изминатиот период успеа во второто полувреме на Барселона да и даде дури 20 голови, наспроти мизерните 9 во првото полувреме.
И втортото полувреме на навестуваше ваков пресврт бидејќи Барселона успешно стигна до 22:15, одржувајќи ја предноста од седум голови. Потоа Вардар постепено почне да ја подјадува таа предност на Шпанците, па стигнува до 25:20, за веднаш потоа предноста на Барселона од пет голови да ја стопи на три, 25:22. Следи гол на Барселона за 26:22 и тогаш настапува еуфоријата, торнадото од Скопје кога Вардар успева да направи 6:0. Салата е во шок, Барселона е во шок, а во еуфоричен шок од славење се и навивачите на нашиот тим во Келн.
Басрелона намалува на 27:28, следи уште еден гол на Вардар и тоа е конечна победа од 27:29 за финале со Веспрем. Кој очекуваше!?