Вардарци, не сакајќи, го соголија Зоран Заев кој ја врши функцијата премиер на „Северна Македонија“, покажувајќи ја неговата срамотна неписменост. Нивната победа го натера Заев да им честита на Твитер, па тој напиша:
„Ракометарите од Вардар, одат напред во финалето. Браво момци, гордост наша“.
Така, изгледа добивме дека „ракометарите НА Вардар“ станаа „ракометарите ОД Вардар“, што е добар податок, бидејќи мнозинството веројатно не знаат ОД каде се ракометарите, но многу добро знаат за кого играат, па затоа велат дека се ракометари НА Вардар.
И да не беше Заев, не ќе знаевме дека во финале се оди „напред“. Ние мислевме може да има и „одат НАЗАД во финале“. Благодариме Заев.