Времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно, особено попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринската температура ќе се движи од шест до 13 степени, а дневната температура од 16 до 26 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно, особено попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринската темепратура ќе достигне до 12 степени, а дневната темепратура до 24 степени.
До среда ќе се задржи променливо и нестабилно време, попладне со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град. Во петок и за време на викендот ќе има значителен пораст на температурата.