Во интервјуто кое неодамна го имал за Гардијан, светски познатиот готвач, Џејми Оливер, признал дека не е среќен и дека кога би можел да го врати времето назад, би сакал никогаш да не стане славен и познат.

„Секој ден посакувам да не сум познат. Но, сепак, од славата можам да заклучам дека имав среќа што низ годините запознав многу добри луѓе“, признал 42-годишниот Оливер.

Неговата слава започнува да се гради во деведестите години на минатиот век кога на Британците им понудил едноставна, но пред се здрава храна.

Првиот ресторан го отворил во 2008 година, по што следеле уште 37 други, за на крај, да банкротира со огромен долг.

Неговите обожаватели почнале да му замеруваат дека исчезнал блискиот однос со луѓето и дека тој и неговите ресторани станале исто што се и другите. Така, малку по малку почнало да пропаѓа неговото царство. Џејми и натаму работи со полна пареа, но со оглед на бурниот приватен живот и петте деца, се повеќе го чувствува тешкиот товар на славата, за која сега вели: Подобро никогаш да ја немав.

Сепак тврди дека нашол рецепт за добар живот кој се должи на строгиот распоред и добрите луѓе со кои работи, за да му остане што повеќе време за дома. Таму се сопругата Џулс и петте деца – 15-годишната Попи, 14-годишната Дејзи, деветгодишната Петал, Бади кој има седум години и Ривер Рокет кој има само една година.