Холивудскиот актер Мајкл Рапапорт имал драматично искуство во живо, кога патник на авионот со кој летал од Лос Анџелес до Хјустон се обидел да го отвори излезот во случај на вонредни состојби.

Рапапорт и неколку други патници притрчале и го задржале човекот кој се обидувал да ја отвори вратат сред лет. Рапапорт го зграпчил човекот за вратот и го одвлечкал од авионската врата. По инцидентот, човекот се правдал дека се збунил и мислел оти тоа е вратата кон тоалетот.