Пред почетокот на големиот потест на опозицијата мисијата на Европската унија и странски амбасади во Тирана, упатија апел да се протистира на мирен начин и повикаа страните да седнат на дијалог.
-Иако целосно го почитуваме основното право на албанските граѓани да протестираат, ја повторуваме важноста на остварувањето на ова право на регуларен и мирен начин. Ни една форма на поттик на насилство не се толерира и одговороста паѓа врз организаторите на протестот. Властите исто така носат одговорност да делуваат со воздржаност и во случај да бидат провоцирани,стои во апелот.
Се додава дека постојано упатува апел до сите страни под итно да се анагажираат на еден конструктивен дијалог за надминување на актуелната политичка криза.
Се огласија и амбасадите на Германија, Велика Британија и Италија, со апел да се протестира на мирен начин што е демократско право а од органзаторите бараат да се откажат од употреба на експлозивни средства.
Тие осудуваат акти на насилство на протестите и посочуваат дека одговорноста на органзаторите на протестите е да обезбедат безбедност за учесниците и другите жители на Тирана.
И тие го повторуваат апелот до власта и опозицијата да седнат на дијалог.
Амерканската амбасада во Тирана уште од вчера откако потсетува на насилството на изминатите протести, употребата на солзавец и водени топови, своите државјани ги советува да ги избегнуваат местата каде што ќе се протестира.
Инаку, илјадници граѓани од сите делови на Албанија веќе пристигнуваат во Тирана. Според организаторите само од внатрешноста на протестот ќе присуствуваат над 70.000 граѓани.