Фудбалската репрезентациjа на Македонија доживеа пад од пет места на ФИФА-листата, откако во претходните два меча имаше два порази и тоа од Полска и Австрија.
Македонија заедно со Кина е на делба на 73-тата позиција на новата ранг листа.
Белгија останува на врвот, а меѓу најдобрите десет се уште и Франција, Бразил, Англија, Португалија, Хрватска, Шпанија, Уругвај, Швајцарија и Данска.
Репрезентацијата предводена од Игор Ангеловски следниот меч го игра против Израел на петти септември.