Еврокомесарот Марија Неделчева е потврда дека Бугарија е на прво место по бројот на вработени жени во професиите поврзани со технолошките дејности. Ние од западниот Балкан отсекогаш сме се сметале за многу умни, но и бедни, и единствен начин да се докажеме на западна Европа е да бидеме лидери. Имаме сили, имаме и девет милијарди од ЕУ имаме и бугарски еврокомесар. Ја нарекувам Марија Габриел Марија Неделчева за да се знае дека е Бугарка, да не помисли некој дека е Французинка. Ние сакаме да го поставиме човекот во центарот, но истовремено се развиваат и технологиите. Сите ние постоајно гледаме серрии за тоа колку напреднале машините.
Но нешто што сум научил во животот е дека тоа што го гледаме во американските серии, за неколку години станува вистина. Важно е мисловната и контролната дејност да остане кај човекот. Има професии кои можат да бидат заменети со роботи, но контролата мора да остане кај луѓето.
Затоа треба да го поставиме образованието на прво место. Децата трееба да почнат да учат компјутери од трето дделение, а не да почнат да учат со телефони и компјутери од дома, рекол меѓу другото бугарскиот премиер Бојко Бориосв денеска, цитира од бугарски Фокус.