„Мора да се каже, според мое мислење создадени се услови да се постигне  раздвојување (на држава и црквата) на заедничко разбирање“, изјави денес грчкиот министер за правда, Ставрос Кондонис за ЕРТ.

Доколку владата на Алексис Ципрас навистина почне да го решава ова прашање, тогаш тоа може да се нарече епохален чекор, ако се земе предвид дека Грчката православна црква е алфа и омега во грчкото опшетствто и во политиката, но и во бизнисот.

Според соопштението, пак, на министерот за дигитална политика, Никос Папас, зборувајќи за одвојувањето на дражавата и црквата, тој смета дека тоа прашање мора да биде во контекст на уставните реформи и тие односи да станат многу пофункционални, додавајќи дека и во иднина поповите ќе земаат плати.

Според информацијата објавена во весникот „Катимерини“ премиерот Ципрас наредниот месец ќе отвори дебата за ревизија на Уставот, иако формално Сириза текстот во собранието ќе го достави во октомври.

„Односите меѓу државата и црквата мора да бидат јасни. Државата и црквата имаат голема улога во грчкото општество, па така мислам дека овие прашања се однесуваат на модернизирање на јавниот живот и на повеќе слобода за православната црква и тоа е нешто кое сите го сакаме“, изјави министерот Кондонис.

Тој дури подвлече дека „прашањето за односите меѓу државата и црквата е поважно отколку името на Скопје“.

Според некои информации, ќе се интервенира во уставниот член 3 со напомена дека покрај правослвната црква има и други доктрини.

Но, освен за односите со црквата, во пакетот уставни измени се и тие за Уставниот суд и за изборот на претседател на државата на директни избори. Експерти велат дека идејата на Ципрас е воведување француски систем во Грција.

Што се однесува до прашањњто за црквата, тоа е уште едно за директна конфронтација меѓу Ципрас и лидерот на опозициската Нова демократија, Киријакос Мицотакис кој се противи на раздвојување на државата од црквата.

Ципрас, како што наведуваат блиски кругови, е свесен за рзикот кој го презема со црквата, но оти планира за прашањето да ја спроведе истата тактика како и со преговорите за името на Македонија – да формира оперативна група за односи со црковното раководство.

Инаку, вадиката Иеронимус своевремено во Синодот се изјаснил против одвојување на црквата и државата, а негов став е доколку владата тоа го наметне еднострано, во тој случај конечниот збор да го имаат граѓаните на референдум.