Деновиве ги читам изјавите на бугарските националисти во врска со историјата на македонскиот народ и не можам да се изначудам на нивните небулози. Особено апсурдна е онаа во која ја негираат нивната фашистичка окупација на Македонија, пишува на својот Фејсбук профил познатиот македонски оперски пејач, Благој Нацоски.
– Со ова мое видео сакам да ги потсетам што се случило токму на денешен ден пред 76 години во месноста Моклиште, Тиквешко! Белки како знак на добрососедство и пријателство бугарскиот претседател ќе се поклони пред споменикот во Ваташа и ќе му се извини на целиот македонски народ за злосторите како овој и оној во Дабница во 1942 година, пишува македонски тенор Нацоски од Бари во Италија.
Видеото е ТУКА.