Снимка од десетици илјади луѓе во Хонг Конг како се тргнуваат да направат простор за амбулантно возило стана хит на социјалните мрежи.

Снцената на десетици илјади граѓани кои се тргнуваат од патот кога минува брзата помош е снимена на Харкорт роуд, во близина на централниот владин комплекс.

Некои корисници на социјалните мрежи рекоа дека тоа е „најубавата сцена од Хонг Конг која го обиколила светот”.

Масовните протести во Хонг Конг не престануваат, а вчера, според некои наводи, на улиците имало два милиона луѓе кои протестираа поради усвојувањето на законот за екстрадиција на осомничените во Кина, поради што законот е и суспендиран.