Поплавени се неколку објекти во Неготино, како последица на невремето кое попладнево го зафати градот, а на пожарникарите на помош им дојдоа и колегите од Кавадарци.
Оваа информација за МИА ја потврди Иле Илиев, командир на неготинската Територијална противпожарна единица.
– Со пумпи црпевме вода од неколку објекти во градот. Дадовме се од себе за најдобро што можеме да се справиме со последиците од невремето и веќе сме при крај со сите објекти. Некои, поради местоположбата, редовно се на удар кога има поголеми количини вода, нагласи Илиев.
Според него, веднаш интервенирале и комуналните работници.