Дарко Јаневски
Ова е молбата на Лазо Колишев, подцнежен врховен шеф на Народна Реублика Македонија како Колишевски, до царот Борис со која бара замена на смртната казна, како син на „родители Буагри“ и како човек кој се „чувствува ако Буагрин“. Другиот дел од молбата секако ќе го разберете сами, со оглед на тоа што нашата власт со нејзината „жица македоноска“ секојдневно не уверува дека нашиот јазик е дијалект на бугарскиот, па секако го разбирате.
Она што е битно е дека ова е документ во кој Колишевски се изјаснува како Бугарин. Според Стево Пендаровски, тоа е „неспорна историска вистина“, каква што има и за Гоце Делчев, па поради тоа го прогласи за Бугарин. Значи, според Стево и Колишевски е Бугарин, како и нашите револуционери од илинденско. Но, истовремено Колишевски има и документи во кои се изјаснува дека е Македонец. Тоа е друга „неспорна историска вистина“. Што правиме сега? Ете толку од способноста на нашиот велик и штотуку избран президент да разбере нешто за околностите под кои некој Македонец се изјаснувал вака или онака.