Реализацијата на капитални инвестиции од 13,7 отсто за првите 5 месеци е срамно и невидено ниско досега. Со СДСМ зборот не важи, туку зборот лажи. Оваа влада на Заев е најнеспособната досега.
Ова се истакнува во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ.
– Мизерната реализацијата на капиталните инвестиции од страна на СДСМ говори за нивната неспособност, неработа и некадарност да го реализираат тоа што самите го предвиделе. Доколку СДСМ продолжи со ова темпо да „работи“ капиталните инвестиции за целата 2019 година нема да достигнат ниту 30 проценти што ќе биде убедливо најлошата година во Република Македонија, се вели во реакцијата.
Државата со СДСМ, се додава во соопштението, во изминативе две години буквално стагнира, ништо не се гради и нема никакви нови проекти.
– Нивната неспособност оди до таму што не можат да ги завршат проектите кои ВМРО-ДПМНЕ ги започна, а не можат ниту да ги пуштат во употреба готовите проекти кои им ги остави владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Нема 600 километри нови патишта, нема 550 километри нови магистрални патишта, нема студентски град, нема нови факултети, нема нови училишта, а нема ниту нови болници и новиот Клинички центар. Република Македонија повеќе не смее да стагнира. СДСМ и Зоран Заев докажаа дека не можат да реализираат апсолутно ништо во корист на граѓаните. СДСМ и Заев мора да си заминат, се вели во соопштението.