Во акциска контрола спроведена на подрачјето на Град Скопје откриени се 61 возач кај кои е утврдено присуство на алкохол во крвта, а двајца возачи одбиле да направат алкотест. Сите возачи се исклучени од сообраќај и соодветни санкционирани.

Како што денеска соопшти Министерството за внатрешни работи, акциската контрола е спроведена во периодот од 23 часот вчера до 05 часот утринава.

Откриени се и 118 други прекршоци за кои се издадени 46 мандатни платни налози и 72 прекршочни платни налози