Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески во Баку оди со регистар од 1076 нелегални градби, од кои 409 се лоцирани во заштитниот појас. Состојбата со урабнизмот и дивоградбите е алармантна, па затоа УНЕСКО бара природното и културното наследство на Охридскиот Регион да биде на листата на загрозено светско наследство.
Изминатава година Охрид го тресеа низа афери со нелегални градби врз заштитено културно наследство како Алипашината џамија, објектот кај Чинарот, објектот врз археолошки локалитет „Манчевци“, хотелот во Лагдин, бетонската база и ред други дивоградби на крајбрежјето. Георгиески не се одважи за ниту една.
Надлежните институции беа глуви на повиците од еколошките здруженија, активисти, невладини организации, политички партии и граѓаните со кои алармираа дека Охридскиот регион ќе се стави на листата со светско наследство во опасност.
Георгиески заедно со Андреј Жерновски, заменик-министер за надворешни работи и Едмонд Адеми, министер без ресор се дел од официјалната владина делегација на 43 сесија на Комитетот за културно наследство во Баку, Азејберџан.