Бранителот Блашко Толев загина на 20 години како прва жртва од тиквешкиот крај во татковинската војна од 2001 година.

По тој повод, денеска на 18 годишнината од загинувањето во борбата со албанските терористи во Тетовско, беше положено цвеќе на неговиот гроб и бистата во кавадаречкото село Марена – од неговите роднини, пријатели како и претставници од локалната власт и АРМ.

Толев, како припадник на редовниот состав на Армијата на Република Македонија, на 20 години го жртвува својот живот за одбраната на Македонија. Роден е на 30 март 1981 година во Кавадарци. Во октомври 2000 година заминал да го изврши долгот кон татковината во АРМ, прво во Битола, а потоа во Штип.

Кога започна воениот конфликт 2001 година, тој учествувал во борбите во Тетовско и Кумановско, а откако заминал во АРМ, само еднаш дошол дома на отсуство во траење од два дена, за Велигден.

Во петокот на 29 јули 2001 година од командантите побарал да го пуштат, бидејќи рокот си го отслужил. Му кажале дека треба да остане до вторникот, додека да дојде смената од нови војници. Блашко не го дочекал вторникот, загинал на 1 јули 2001 година на Тетовското Кале во минофрлачки напад.