Шпанскиот фудбалски великан Реал Мадрид е подготвен да го отстапи на Манчестер јунајтед велшкиот интернационалец Герет Бејл з ада го добие Пол Погба.
Тренерот Зинедин Зидан во повеќе наврати побара од раководството да му го донесе на „Сантијаго “ францускиот репрезентативец за кого Јунајтед бара оштета во висина од 150 милиони евра.
За мадридскиот клуб оваа сума е превисока па сакаат дел од износот да го компензираат со Бејл.
На тој начин, Реал би се ослободил и од месечната плата на велшкиот фудбалер која изнесува 17 милиони евра.
Останува да се произнесе Манчестер кој не е баш задоволен од изданијата на Погба минатата сезона.