Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман е подготвен да добива и помала плата за да стигне до Барселона, информира „Ел Мундо Депортиво“.

Каталонците минатата година му понудија на Французинот плата од 16 милиони евра годишно. Сега тој добива 23 милиони.

Откупната клаузула за Гризман на лето ќе падне на 120 милиони евра, но Барселона повеќе него не го гледа како приоритет.

Сега прва цел на шпанскиот шампион е напаѓачот на Ајнтрахт, Лука Јовиќ, а исто така се интересира и за фудбалерот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд.