Тројцата Бугари од партијата Преродба кои беа приведени вчера на граничниот премин-Деве Баир, шест часа биле држени со лисици на рацете во полициската станица Крива Паланка, тврдат од бугарска страна.

Нивниот адвокат информира дека тие по полноќ биле пуштени откако платиле 1.700 евра со судски трошоци. Адвокат кој има канцеларија во Ќустендил вели дека двајца од нив биле и тепани, пренесе БНР.

– И двајцата беа модри… Георгиев очигледно имаше скршен нос. Им реков да одат на лекарски преглед. Окото беше сино, другите двајца немаа многу модринки на лицето… ги пуштија во лисици после шест часа, тие биле тепани овде – ги тепале на контролен пункт. На еден телефонот му го нема – исчезнал. Имало камери, ќе правеле истрага, изјави адвокатот на тројцата Бугари кои вчера предизвикаа инцидент на Деве Баир.