Боки 13 може да умре за 15 минути. Му откажал левиот бубрег, изјави за „Слободен печат“ адвокатот на Јовановски, Сашо Дуковски.

Јовановски, но и неговиот адвокат од судските власти бараа затворскиот притвор да му биде заменет со домашен, токму поради нарушеното здравје, но тоа барање беше одбиено.

Секој ден здравствената состојба му е се покомплицирана. Урината му е кафеава. Вчера стражарно беше спроведен на ректоскопија. На 20 овој месец му е закажана колоноскопија за која претходно треба да е на посебен режим. Нема што не му е. Кога лежи желудочната киселина му оди право во белите дробови. Може да умре за 15 минути. Јовановски нема желудник и за тоа има 10 лекарски мислења дека треба да биде хоспитализиран, изјавил за „Слободен печат“ адвокатот Дуковски.