Ќе ги охрабрам судските реформи и ќе ги повикам институциите на Македонија да промовираат транспарентност и одлучно да се спротивстават на корупцијата, рече новата амбасадорка на САД во Македонија, Анџела Прајс Агелер.

Таа денеска му ги предаде акредитивните писма на претседателот Стево Пендаровски.

– Ќе ги охрабрам судските реформи и ќе ги повикам институциите на Македонија да промовираат транспарентност во истрагата на наводите за злоупотреба и одлучно да се спротивстават на корупцијата за да ја зајакнат довербата на јавноста во владеењето. Ќе работам со меѓуагенциските партнери за да ѝ помогнам на Македонија да развие национална стратегија која ефективно ќе бара одговорност од корумпираните актери, изјави Агелер.

Таа доаѓа на местото на Кејт Мари Брнз и е деветти амбасадор на САД во Република Македонија. Зборува и македонски јазик.