„Корупцијата тука има навлезено во сите сектори, во сите гранки на Владата, на бизнисите. Луѓето во … Македонија се соочуваат со корупција во секојдневниот живот“.

Ова вчера во интервју за ТВ21 го кажа амбасадорката на САД, Анџела Агелер.

Агелер кажа ека корупцијата е епидемија во државата, и дека тие луѓе се крадци.

„Корупцијата е епидемија, канцер во државата. Тие кои вршат корупција, се крадци. Крадат од државата и нејзините граѓани“, рече Агелер.

Се осврна и на судството и обвинителството, за кое кажа дека многу пари се вложуваат во македонското судство, а резултатите ги нема.

„Во судсвото е потребно да има обвинители, судии, истражувачи кои ќе кажат „Доста е“. Многу пари се вложуваат во судството, а каде се резултатите?“, праша Агелер.