Средбата доаѓа по престојот на Ковачевски во САД каде тој се сретна и со државниот секретар Ентони Блинкен, а е во рамки од редовниот дијалог на Владата со амбасадорката Агелер.

Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер, денеска била на средба со премиерот Димитар Ковачевски во Владата, а од владината прес-служба велат дека таа ја пренела одлучноста на САД да продолжат да ја поддржуваат Северна Македонија и во наредниот период.

Ковачевски, пак, нагласуваат, се заблагодарил и на поддршката од американскиот државен секретар Етони Блинкен која тој ја истакнал на средбата на 9 мај во Вашингтон за време на престојот на премиерот во САД.

„Заемно беше нагласена заложбата за севкупен развој на пријателските, билатерални и економски односи меѓу Северна Македонија и САД, како сојузници во НАТО, но и како две земји кои споделуваат заеднички вредности. Амбасадорката Агелер ја пренесе цврстата одлучност на САД да продолжат и понатаму да ја поддржуваат Северна Македонија, високо ценејќи ги досегашните одлуки кои Владата ги презеде во насока на обезбедување просперитетна иднина во рамки на ЕУ и НАТО“, велат од Владата.

Средбата, како што појаснуваат од Владата, е дел од редовниот дијалог што го имаат со амбасадорката во врска со заедничките теми.