Како што сме во НАТО, многу скоро, драг Ковачевски ќе станеме и членка на ЕУ, рече на денешното одбележување на 21 годишнината од Рамковниот договор, лидерот на ДУИ, Али Ахмети партија која сега е на власт, а која настана од некогашната ОНА (УЧК) за време на конфликтот во 2001 година.
– Како што сме во НАТО, многу скоро, драг Ковачевски ќе станеме и членка на ЕУ, ќе ги исполниме нашите обврски според стандардите, ќе се бориме без компромиси против криминалот, корупцијата и функционирањето на правната држава и јас сум многу сигурен дека сите заедно во рок од 5 години ќе бидеме полноправни членки на ЕУ, изјави Ахмети, пренесе ТВ Алсат.
Речиси целата влада предводена од премиерот Димитар Ковачевски, но и неговите коалициски партнер Али Ахмети денеска во тетовската индустриска зона присуствуваа на поставување на камен темелникот на фабрика за електрични автомобили.