Автомобилите на иднината – електромобилите e.GO од Полог ќе патуваат во светот, објави денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска.

– Нашата визија за иднината е стабилност и сигурност преку економски развој, инвестиции и заштита на животната средина. Автомобилите на иднината – електромобилите e.GO од С. Македонија ќе патуваат во светот. Мултимилионската инвестиција од НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ СЕ, Ахен, Германија во ТИРЗ Тетово ќе отвори над 3900 директни и индиректни вработувања во Полог, објави Петровска на својот официјален профил на Фејсбук.

Од атмосферата што е создадена во Тетово, се добива впечаток како веќе да е отворена фабриката, иако станува збор само за поставување темелник, а Македонија има доста горчливо искуство со „темелници“ што ги поставувала актуелната власт и потоа биле оставени на заборав.