На ваков начин навивачките групи прославуваат секаде во светот и тука нема ништо спорно, вели лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Тој смета дека прославата на навивачката група Шверцери во Македонскиот народен театар бил настан за одбележување на годишнина и според него тоа не е вандализам.

– Кога ги видов првите информации во медиумите прво помислив дека местото не е соодветно, но отпосле видов дека на ваков начин навивачките групи прославуваат секаде во светот и сметам дека нема ништо спорно – изјави Ахмети по одбележувањето на Денот на албанското знаме, објави Сител.

За потсетување, Шверцери дивееја во петокот во МНТ на прославата на која присуствуваше и премиерот Зоран Заев, по што следеа бурни реакции. Подоцна беа објавени снимки од оштетен ентериер во зградата на новиот театар на МНТ.