Во време политичка кампања политичките парти ќе ги почитуваат директивите кои ќе произлезат од Министерството за здравство, изјави претседателот на ДУИ Али Ахмети по денешната средба на партиските лидери со техничкиот премиер Оливер Спасовски во Владата. Тој истакна дека нема да има големи митинзи за предвремените парламентарни избори закажани за 12 април.

– Политичките парти ќе најдат начин како ќе работат и дејствуваат. Денеска медиумите се многу развиени. Електронскиот свет е во највисоко ниво и сите парти може да комуницираат преку електронските средства, изјави Ахмети, после состанокот во Влада, со сите претседатели на политичките парти во државата.

По состанокот во Владата, Ахмети исто така наведе дека е договорено мерките за заштита од коронавирусот да се зајакнат.