Се радувам и се зголемува мојата гордост, додека ги слушам странците од Брисел и од Вашингтон кога ми велат дека овие (кадри на ДУИ) се огледалото на државата и на Владата, вели Али Ахмети, пренесува ТВ 21.

Ахмети, како што пренесува ТВ 21, вели дека 20 години инвестирале во изградбата на кадрите, кои денес, според лидерот на ДУИ, „ни го обелуваат образот пред државите, пред земјите на напредните нации“.

– Ова ме облагородува, ме прави среќен и неуморен да продолжиме да одиме напред. Во овие моменти додека зборувам Бујар Османи се враќа од Украина. Османи е министер речиси на половината на планетата Земја, што значи дека сме успеале оние инвестиции, кои сме ги оствариле, да ни тргнат на добро, вели Ахмети.