Колку побрзо се повлече руската армија, толку подобро ќе биде и за Русија и за Европа. Мислам дека рускиот народ има колективна одговорност да не дозволи оваа безмилосна војна да продолжи, изјави Али Ахмети, лидерот на ДУИ во Валона.

Претседателот Владимир Путин и Русија треба да чувствуваат одговорност како една голема моќна држава направи инвазија на еден народ, кaко ја нарушува волјата на еден народ и ова е срамота, изјави денеска лидерот на ДУИ Али Ахмети за време на посетата во Валона по повод отварање на Музејот и иницијативата Отворен Балкан.

Зборувајќи за војната во Украина, лидерот на ДУИ, рече дека сите се заинтересирани да се најде побрзо решение и да се затвори овој случај, кој е болен за Украина.
„Да се најде решение за да се стигне до прекин на огнот и да се отвори патот за дијалог и да се воспостави мир. Да се остават во слобода Украинците да одлучуваат за своите судбини. Претседателот Путин и Русија треба да чувствуваат одговорност како една голема моќна држава направи инвазија на еден народ, ја нарушува волјата на еден народ и ова е срамота“, рече Ахмети.

Тој доде дека колку побрзо се повлечат, толку подобро ќе биде и за Русија и за Европа.

„Мислам дека рускиот народ има колективна одговорност да не дозволи оваа безмилосна војна што се случува во Украина и да се стави крај на оваа инвазија што е можно поскоро“, додаде Ахмети.