Едно зборува на состаноци со мене, а сосема друго на митинзите, изјави лидерот на ДУ, Али Ахмети за неговиот коалиционен партнер и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

Ахмети додаде дека во последно време Заев често ја критикува неговата партија затоа што „пие две-три чаши ракија пред митинг“.

– Заев ќе испие 2-3 чаши ракија пред митинг, па после се кае што рекол. Друго зборува по митинзи, друго мене ми кажува на состанок, рече Ахмети кој гостуваше во албанската ТВ Сури, одговарајќи на прашањето на водителот зошто ДУИ во последно време се постојано на удар од страна на поранешниот премиер Заев.

ДУИ пред кампањата за парламентарните избори на 15 јули ја лансираше идејата за прв Албанец премиер на Македонија, а Заев на тоа одговори дека за оваа партија подобро е одредено време да биде опозиција.

Заев минатата недела, за последната објавена „бомба“, одговарајќи на новинарско прашање рече дека тоа е последица на негово долго седење во кафеана во неврзан разговор.

– После два саати и 17 минути во кафана на слободен разговор, се слушуваат грешки. Времето покажа дека никогаш не сум имал непријатности, туку напротив имаме одлична соработка. Изработивме заедно многу за нашата земја, рече тогаш Заев на конференцијата пред Собранието.