Овојпат не може да се тврди дека власта на ДУИ и СДСМ го изрежира ова со Курти, но секому му е јасно дека таа го овозможи, вели академик Божин Павловски во изјава за порталот МКД.

– А толку малку требаше да стори за да го спречи. Како одговорна за почитување на законите доволно ќе беше да побара и нареди стриктно почитување на Бадентер, кој многу повеќе им треба на Албанците одошто на другите, вели Павловски за МКД.мк.

Реакцијата доаѓа по вчерашните случувања во Скопје и во Тетово при посетата на косовскиот премиер Аљбин Курти.

– Чуму оваа дрска провокација: официјална замена на славната Втора македонска партизанска бригада со името на странец. Церемонија со непочитување на мнозински народ, неговиот јазик и традиции. Морале ли да ја избришат токму славната бригада што положила 300 млади животи за слободата на татковината? Говеда од власта, зошто не мрднавте со мало прсте за да спречите дивеење на екстремен национализам? Толку ли не знаете дека национализмите се хранат еден со друг? Тоа ли ви треба на патот кон ЕУ. Арогантниот Курти ви го покажа и злосторот во Вејце каде што беа масакрирани војничиња, каде што вие не би можеле да подигнете ни скромен паметник. Резил кој со грам ум можеше и мораше да се избегне, вели академик Павловски.

Инаку при вчерашната посета на Курти на населбата Чаир во Скопје и Тетово никаде немаше македонско знаме, никаде немаше превод на македонски јазик, а беше развиорено и знаме со картата на голема Албанија. На тоа реагираше само ВМРО-ДПМНЕ, но не и СДСМ.