Полициски службеници од ОВР Ресен вчера во атар на ресенското село Болно на месноста викана Речиште, одзеле возило „застава“ без регистарски таблички, управувано од Е. К.(34) од Ресен, натоварено со огревни дабови дрва без жиг и документација и возило „шкода фелиција“ без регистерски таблички, управувано од А. М. (19) од Ресен, исто така натоварено со огревни дабови дрва без жиг и документација.
Од страна на вработените од ЈП„Национални шуми“ е извршено мерење на дрвата, по што возилата со дрвата се одземени и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Деновиве, пред почетокот на зимата, зачестија акциите на МВР во спречување на дрвокрадството во Македонија. Но, паѓа в очи тоа што се објавуваат извештаи за дрвокрадци со патнички возила, а шумите во земјава се соголуваат со моторни пили и камиони.