Судии на претходна постапка од Основниот кривичен суд, постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство им одредија 30 дена притвор на осомничените.

-Прифатен е предлогот на ОЈО за организиран криминал и корупција и на: ШБ., Ф.Б., Н.И., Ф.С., и С.А. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека за О.П. го прифати предлотог за определување мерки за претпазливост односно oдземање на патна исправа и забрана за издавање нова, забрана за напуштање живеалиште односно престојувалиште и обврска за јавување во суд, се вели во соопштението на Основен Кривичен суд.

Од судот информират дека е прифатен предлогот за определување притвор за уште 10 лица кои се опфатнеи со акцијата, но тој ќе стане ефективен откако ќе бидат пронајдени.

Претседателот на огранокот на Алијанса на Албанците и советник на партијата во Општина Шуто Оризари, Севдаир Азири е меѓу шест уапсени лица, членови на организирана криминална група, во вчерашната полициска акција во село Грчец и на 20 други локации низ Скопје.

На чело на меѓународната криминална група бил Шеваљ Муареми, од кого синоќа ВМРО-ДПМНЕ објави фотографија на која е во друштво со идниот технички премиер, Талат Џафери.

Групата, како што објави Спасовски, имала конекции во земјите од Јужна Америка и посредувала при трансфер на дрога во Европа, а дел од неа требал да заврши и на македонскиот пазар. Освен со трговија со дрога, групата се поврзува и со убиства на лица чии тела, како што соопшти Спасовски, биле пронајдени во 2020 и во 2021 година.