Македонската бодибилдерка Мери Акиевска освои Златен медал во две категории на светскиот шампионатот во Санта Суана во Шпанија.

Таа на Инстаграм напиша дека е дека е горда на својата победа и благодарна што добила голема поддршка.

„Чувството неможе да се опише, 4 пати ечеше химната на Македонија 4 пати капеа солзи од среќа. Македонија го освои Светското злато Јуниорска , Сениорска Категорија со две Апсолутни во двете категории. Луѓенца пресреќна сум , Ви благодарам на целосната подршка и што бевте покрај мене … Сега можам да одморам и да си каснам и јас малку вкусна храна годинава ја завршивме со многу златни титули благодарност на мојот Тренер. Бобан Ѓороски најпривин покрај него бев најдобар ученик и Шампион“, напиша таа.

Инаку Акиевска трета година по ред е светски шампион во боди-билдинг и фитнес.

„Пред се да се заблагодарам на мојот Тренер Бобан Ѓороски што по трет пат успеваме заедно да ја одбраниме оваа преголема титула , кога зборам за Преголема сакам да кажам си има своја тежина и уште поголема тежина да се достигне до таа висина и на тој настан а посебно огромна е тежината веќе трета година по ред како одиме на Светско и се враќаме дома со злато“, напиша Акиевска.