Македонската историчарка професор д-р Виолета Ачковска, денеска објави документ од 1939 година во кој Виктор Аќимовиќ реагира до академикот Никола Вулиќ за посебноста на Македонија и дека „никој не може да и го оспори името“:
– Никој на Македонија не може да и го оспори името, како што не може да се оспори индивидуалноста на српскиот, словенечкиот, хрватскиот народ на Југославија, а за тоа самиот македонски народ многу добро знае и како таков се чувствува (иако, Вие како академик, не го знаете она што го знае просечниот жител на Македонија), бидејќи националното прашање на Македонија било а и сега е отворено. …Според тоа, г-не Вулиќ, Македонија постои, а постои затоа што (што мислите) постои и македонски народ…” (Од „Отвореното писмо“ на Виктор Аќимовиќ во списанието Јужна сварност во почетокот на декември 1939 г. до српскиот академик Никола Вулиќ, како реакција на неговиот текст под наслов Јужна Србија или Македонија во белградското списание Време од 16. 11. 1939 г.- стои во објавата на професор Ачковска.
За жал, тоа што „не можело“ во време кога Македонија била под окупациска и колонизатизаторска власт, се прави во време кога Македонија е слободна и самостојна.